Интер го победи Кремонезе на „Џузепе Меаца“ со резултат од 4:1 во рамките на петтото коло од Серија А. Со оваа победа, Интер стигна до 12-тиот бод, колку што имаат Милан, Наполи и Рома, но сите три екипи имаат натпревар помалку од Интер. Кремонезе е израмнет на шестото место со девет бода.
Веќе во шестата минута, Лаутаро Мартинез погоди за 1:0.
Интер беше апсолутно супериорен во овој натпревар, дури имаше 11 шутеви по половина час од натпреварот, а Кремонезе имаше 0.
Конечно, Интер го постигна вториот гол во 38-та минута. Бони пресретна центаршут и ја упати топката со глава во голот за 2:0 на полувреме.
Во второто полувреме слична приказна, Интер брзо стигна до уште еден гол. Овој пат Димарко беше стрелец од работ на шеснаесетникот. Две минути подоцна, Бони повторно учествува во голот, но како асистент на Барела, кој ја испраќа топката во левата страна од голот.
Гостите не се откажаа, па постигнаа утешен гол во 87-та минута, преку Бонаколи.