Мрме го победи Чеде во македонското “селекторско“ дерби на Кипар!

296

Успешно деби за Игор Ангеловски – Мрме на клупата на Етникос Ахна на Кипар. Попладнево на свој терен неговиот тим славеше со 1:0 против составот на Красава, каде што е тренер исто така Македонецот Чеде Јаневски.

Ова беше во некоја рака македонско “селекторско“ дерби на Кипар ако се знае дека и Мрме и Чеде некогаш беа селектори на нашата најдобра фудбалска репрезентација.

Инаку Ангеловски пред три дена беше промовиран од страна на раководството на Етникос Ахна за нов стратег, а денеска успеа да победи во својот прв меч како стратег на овој тим.

ПретходноРома си гази во Серија А, со пресврт до победа во Фиренца
СледноПо цела деценија: Севиља ја „урна“ Барса на својот стадион (ВИДЕО)