Легендата на Ливерпул ќе биде новиот тренер на Миовски во Ренџерс

114

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, е пред сензационално враќање во тренерските води и тоа како најверојатен нов тренер на нашиот Бојан Миовски на клупата на Ренџерс. Шкотскиот печат пишува дека Џерард е прв фаворит за наследник на вчера отпуштениот Расел Мартин.

Џерард беше на чело на тимот од Глазгов од 2018 до 2021 година. Тој успеа да ги предводи шкотските гиганти до титула, која беше освоена без тимот да дозволи ниту еден пораз. Освен што беше менаџер на Ренџерс, Џерард ги водеше и Астон Вила и саудиски Ал-Етифак. Моментално тој нема ангажман и затоа е фаворит да ја преземе испразнетата позиција во Ренџерс.

ПретходноАспас го израмни рекордот на Селта стар 50 години
СледноБВА Балкански Куп: Грчки АЕК прв меѓународен предизвик за Фит Фан Волеј