Канаваро пристигна во Ташкент, денеска го презема Узбекистан

29
фото: Championat.asia (X)

Поранешниот дефанзивец на италијанската репрезентација Фабио Канаваро пристигна во Ташкент со својот тренерски штаб и денеска треба и официјално да го преземе кормилото на тамошната фудбалска репрезентација. Веста ја потврдија од Фудбалската асоцијација на Узбекистан.

Организацијата објави преговори со Канаваро на 4 октомври. Се очекува тој да ја предводи репрезентацијата на Светското првенство во 2026 година. Последната тренерска позиција на Канаваро беше во Динамо Загреб, од каде што замина во април 2025 година. Тој исто така беше на чело на Удинезе, Беневенто, кинеските клубови Гуангжу и Тјанџин, како и на Ал-Наср од Саудиска Арабија.

Узбекистан ќе учествува на Светското првенство за првпат во својата историја.

Претходно30 години по дебито на неговиот татко: Синот на Буфон дебитираше во Серија А!
СледноСудиска комисија: Правилна одлука на ВАР тимот на натпреварот Вардар – Струга Трим Лум