Гласнер ќе потпише нов договор со Палас, но само ако има клаузула „Баерн“

104

Кристал Палас сака да го продолжи договорот со својот менаџер Оливер Гласнер, но тој го условува потпишувањетѕо на истиот со една необична клаузула.

Специјалистот сонува да го преземе Баерн Минхен во одреден момент од својата кариера, па новинарот Алан Никсон тврди дека Австриецот би можел да биде спремен да потпише нов договор со Палас, но со клаузула во неговиот договор што ќе му дозволи да си замине доколку Баварците го побараат да седне на нивната клупа.

Оливер Гласнер е на чело на Кристал Палас од почетокот на 2024 година. Претходно тој ги водеше Ајнтрахт Франкфурт, Волфсбург и ЛАСК Линц.

ПретходноПочна новата сезона во домашните првенства во пинг понг
СледноФФМ: Информација за навивачите на дуелот Белгија – Македонија во Гент