Екипата на Шкендија Арачиново вчера славеше со 1:0 во дербито во Втората македонска фудбалска лига на гостувањето кај Беласица во Струмица. Оваа победа го искачи тимот на Љупчо Марковски на првото место на табелата, по што највивачите имаа причини за радост и прослава.
По враќањето во Скопје, фудбалерите на Шкендија (А) беа пречекани со ора и огномет од своите фанови.