Миовски остана без менаџер, Ренџерс го отпуштија Мартин

107

По само 17 мечеви на чело на тимот, Глазгов Ренџерс го отпуштија досегашниот менаџер Расел Мартин.

Мартин во ниту еден момент реално немаше контрола врз играта и резултатите, а трпението на менаџментот доживеа кулминација, по викенд ремито 1:1 против Фалкирк.

Реално, Мартин и требаше да биде сменет затоа што од 17. мечеви има скор од само пет победи и шест ремија.

По натпреварот против Фалкирк, околу 30 навивачи на Глазгов протестираа околу автобусот на тимот додека играчите беа внатре и се обидоа да го блокираат неговиот пат пред да интервенира полицијата. Инаку нашиот Бојан Миовски токму на овој дуел го постигна единствениот гол за Ренџерс.

 

ПретходноБелгија се собра за дуелот со Македонија
СледноДеби пораз за одбојкарките на Фит Фан на европска сцена