Одбојкарките на Фит Фан Волеј загубија со 3:0 (25:14, 25:9, 25:15) од грчки АЕК Атина во меѓународното деби во рамките од БВА купот. Годишениот турнир се игра во Косово.
Скопскиот тим кој се потпира на млади, домашни сили одигра во грч против поискусниот состав на грчкиот ривал и се обиде да понуди посилен отпор особено во финишот на сетовите.
Капитенот Јакимовска со пет поени беше меѓу подобрите во редовите на својата екипа.
Македонскиот тим утре во рамките од второто коло во 19 часот ќе се соочи со домаќинот Дрита.