Голема одлука: Леброн оди во пензија?

66

Најдобриот стрелец во историјата на НБА-лигата, Леброн Џејмс – човекот кој постигна 40.000 поени (единствен во историјата на кошарката) – би можел наскоро да стави крај на својата кариера.

За ваков негов потег се зборува веќе подолго време, а Леброн дополнително ја „разгоре“ фантазијата со објава на социјалните мрежи со наслов „The Decision“ (Одлуката).

Станува збор за алузија на славната „Одлука“ од 2010 година, кога Џејмс на национална телевизија соопшти каде ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од Кливленд Кавалирс (првпат) – тогаш тој реши да премине во Мајами Хит.

Сега останува да се види што ќе соопшти – многумина веруваат дека станува збор за крај на неговата блескава кариера.

Големата одлука на Леброн Џејмс ќе биде објавена на 7 октомври во пладне по американско време, односно во 18 часот по македонско време.

ПретходноСкандал: Во Црна Гора е уапсен потпретседателот на ЕХФ
СледноУЕФА рече „да“ – Барса и Милан ќе играат лигашки мечеви во САД и Австралија!