Милан ваков старт немал речиси две децении

89
ФОТО: AC Milan/FB

Иако во Серија А се одиграа само шест кола и Милан не е лидер на табелата, медиумите во Италија наголемо пренесуваат секакви можни статистика за гигантот од Милано.

Некогашнит повеќекратен европски првак со доаѓањето на Лука Модриќ сега тимот е “стегнат“, посебно во одбраната. На тие шест меча Милан примил три гола, но успеал да ја сочува својата мрежа нечепната дури на четири средби. Нема што, импресивно.

Статистичарите во Италија “извадија“ податок дека тоа на овој тим не му се случило од сезоната 2006/07, кога исто така на првите шест меча дури на четири Милан не примил гол.

Ова се мечевите на Милан во досегашниот дел од сезоната во Серија А:

1.коло: Милан – Кремонезе 1:2
2.коло: Лече – Милан 0:2
3.коло: Милан – Болоња 1:0
4.коло: Удинезе – Милан 0:3
5.коло: Милан – Наполи 2:1
6.коло: Јувентус – Милан 0:0

ПретходноНа Депај му го украле пасошот во Бразил! Ќе игра ли за Холандија?
СледноУ-21: Македонија ги стартуваше подготовките за дуелите со Ерменија и Црна Гора!