Нови проблеми за “Редси“: Ливерпул го губи планираното мега – засилување?!

81
ФОТО: FC Liverpool/FB

Иако имаше супер преоден рок, успеа да ги доведе покрај другите и Исак, Вирц, Екитике, раководството на Ливерпул сепак не успеа да го потпише и Марк Гуеи, стоперот на Кристал Палас и актуелен репрезентативец на Англија.

Па така се очекуваше во јануари можеби а во јуни сигурно, еден од најдобрите стопери во Премиер-лигата да се пресели на “Енфилд“.

Сепак последните информации од Англија и Германија велат дека Баерн Минхен и официјално тргнува по Гуеи и дека по Хари Кејн сака уште еден Англичанец во своите редови.

Секако дека и Барселона и Реал Мадрид нема да седат со скрстени раце, веројатно и ПСЖ и Манчестер Сити, а ова значи дека Ливерпул ако навистина го сака Гуеи тогаш ќе мора да плати далеку повеќе пари од тоа што планираше.

Велиме нови проблеми ако се знае дека по лошиот старт на сезоната, која требаше да биде как бајка би можела да се претвори во кошмар за сите во Ливерпул а посебно за стратегот Арне Слот. Ливерпул врза три порази во серија.

ПретходноТрамп го одреди датумот на УФЦ спектаклот во Белата куќа – ќе се одржи на неговиот 80. роденден
СледноMaggi е нов сојузник на македонскиот ракомет