МЗТ Скопје не блескаше, но со победа отвори во АБА2-лига

71

МЗТ Скопје со победа ја отвори новата сезона во АБА2-лига, откако на домашен терен славеше против Вршац со 75-63. Актуелниот македонски првак долго време се мачеше со гостинскиот тим, иако никој не очекуваше едно вакво сценарио.

Прв стрелец во редовите на „сино-белите“ беше Мек Кејден кој имаше 21 поен, зад него беше Меквен со 18 поени. На другата страна Терзиќ имаше 16 поени.

Вршац во првата четвртина водеше со 8-14, позитива која ја имаше и во вториот период (14-20 и 16-22). Македонскиот првак на другата страна се бареше на овој меч, после негативата од 34-37 на одморот, конечно почна да игра нешто подобро во третата четвртина. Фати ирам и на стартот на последната четвртина дојде до двоцифрени 60-48. Се разигра и Дејвис, со шест поени во низа, и два на Крстевски, донесоа нови и убедливи 75-56 на две и пол минути до крајот. Немаше време за изненадување, иако гостите не се откажаа во ниту еден момент.

ПретходноБарди доби ќерка пред летот за Белгија (ФОТО)
СледноФит Фан Волеј поразен и во вториот меч на БВА Балканскиот куп