Халил Умут Мелер ќе ни суди против Белгија во Гент

85
FOTO UEFA

Македедонската фудбалска репрезентација денеска заминува за Белгија каде што в петок, на 10 октомври во Гент го игра шестиот дуел од актуелните Мундијалски квалифиакции. Домаќинот Белгија е огромен предизвик за нас, а ние го браниме првото место во групата каде што сме благодарение на досегапните единаесет освоени бодови.

Нам ни треба нов подвиг, да останеме непоразени во Гент, а потоа против Казахстан дома на 13 октомври, односно против Велс во последното коло да завериме историски пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико следната година.

Ќе треба да одиграме перфектен меч, а за судењето овојпат ќе биде задолжен искусниот турски арбитар Халил Умут Емер. Негови помошници се Абдура Бора Озгара, и Берсан Дуран, негови сонародници.

ПретходноОгњен Радојичиќ повторно дел од МРК Куманово
СледноРСБСП, МВР и ФФМ: Фудбалот нè обединува, но и на патот треба да играме како тим (ВИДЕО)