Перез на Мбапе му спрема 30 милиони евра годишно и 80 милиони само за потпис!

727

Откако стана јасно дека Реал Мадрид нема да може ова лето да го донесе Килијан Мбапе во своите редови, шпанските медиуми откриваат дека Флорентино Перез уште сега му спрема договор кој би требало да биде потпишан следното лето.

Во тој договор стои дека Мбапе ќе потпише на шест години за 30 милиони евра нето годишна плата, што е дури 15 помалку од она што му го нуди ПСЖ. Потоа ќе има специјални бонуси за секој одигран меч, секој гол, секој освоен пехар. Исто така Реал Мадрид на Мбапе и неговиот татко ќе му дадат дури 80 милиони евра само за потписот.

Инаку оваа понуда, посред правилата, Перез ќе може да ја достави на адреса на Мбапе дури на 1 јануари, на шест месеци до истекот на договорот кој тој го има со ПСЖ.

Претходно„Бомба“ од Париз: ПСЖ тргнува по Халанд и Погба!
СледноИсланд ќе игра во формација 4-4-2, многу се очекува од тинејџерот Андри Гудјонсен!