Во Саудиска Арабија се пофалија: Сопствениците на Јунајтед во напредни преговори за продажба на клубот

135
ФОТО: Manchester United F.C./X

Сопствениците на Манчестер Јунајтед се во напредни преговори за продажба на клубот на друг инвеститор. Оваа бомбастична вест ја објави Турки Ал-Шеик, кој е претседател на Генералниот орган за забава (GEA), оддел на саудиската влада и советник на Кралскиот двор со ранг на министер.

Претставникот на кралското семејство преговара со Манчестер Јунајтед за „црвените ѓаволи“ да го посетат Ријад за пријателски натпревар, кој ќе биде дел од таканаречената сезона во Ријад. Клубот од „Олд Трафорд“, кој бара можност да ги надомести загубите од неучеството на тимот на европските клупски турнири, би можел да добие околу 10 милиони фунти од таква посета.

Доцна синоќа, Ал-Шеик ја објави гласната вест на својот профил на Твитер, што предизвика широк одѕив не само кај неговите следбеници, кои бројат 7,2 милиони, туку и низ целиот свет.

„Најсреќната вест што ја слушнав денес е дека Манчестер Јунајтед моментално е во напредна фаза на финализирање на договорот за продажба на нов инвеститор… Се надевам дека ќе биде подобро од претходните сопственици“, напиша Ал-Шеик.

Пред некое време, мнозинските сопственици на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер, преговараа со катарскиот конзорциум на шеикот Јасим Ал-Тани за продажба на клубот. На крајот, Американците ја отфрлија оваа понуда и продадоа 27,7% од клубот на Сер Џим Ратклиф.

Ал-Шеик е значајна фигура во боксерските кругови, бидејќи има значајна улога во организирањето на некои големи боксерски настани. Тој има сериозен интерес и за фудбалот. Во 2019 година стана сопственик на Алмерија, но во мај оваа година го продаде клубот. Во англиските медиуми неодамна се тврдеше дека е заинтересиран да ги купи Саутемптон или Милвол.

ПретходноИ официјално: Црвена Звезда го отпушти Јанис Сферопулос
СледноМакедонија У19 денеска на мегдан со Црна Гора