Македонија во својата фудбалска историја веќе има играно на ЕП 2021, има настапувано и на ЕП У-21, но нема настап на Мундијалите.
Минатиот пат ни се паднаа Италија и Португалија во баражот. Го минавме Палермо, ама Порто остана неосвоен.
И сега Македонија има шанса да дојде многу блиску до историја.
Вечерва во Гент е моментот на вистината за Македонија. Имено во случај на победа на гости кај Белгија, тогаш ќе бидеме на чекор до директен пласман на СП 2026.
Затоа велиме – НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
Затоа велиме – Ајде момци… ОВА Е ТОА!
Јасно е дека ќе биде пеколно тешко да се победи во Гент, иако не игра Лукаку, домашната селекција има страшен тим кој се наоѓа во страшна форма.
И затоа секоја чест.
Но овие момци на Милевски имаат големо срце. Нешто што го покажаа во изминатите години. Имаат нешто победничко во себе, нешто фраерско, се разбира во фудбалска смисла.
Притисокот е на страната на Белгија, ние нема да се разочараме и со реми, но победа, е ако дојдеме до неа тоа ќе биде спектакл.
Тогаш веројатно не може ништо да не запре да одиме на Мундијалот.
Македонија фудбалски сонува за големи нешта…ОВА Е ТОА.. нешто големо.
Само храбро, умешно, паметно против Де Брујне и останатите и секако тактички беспрекорно.
А Македонија тоа го може.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
Мечот вечерва, еден од најважните во нашата историја, се игра вечерва од 20:45 часот во Гент.










