Вечерва во Гент: Столе го минува Стефан, Алекс ита кон “стотката“!

211

Вечерва Македонија ја чека епска битка за продолжување на сонот наречен – МУНДИЈАЛ. Вечерва во Гент нашата најдобра фудбалска селекција игра за нешто големо.

Секако поддршка од цела Македонија за избраниците на селекторот Благоја Милевски, а кога сме кај бројките и настапите, веднаш да кажеме дека нашиот најдобар голман, веројатно и во историјата, Столе Димитриевски по 83-пат ќе ја брани Македонија.

Со тоа тој ќе го мине Стефан Ристовски, некогашниот капитен на Македонија, кој застана на 82 меча за А-репрезентацијата.

Столе со 83 меч ќе се најде на шестото место на листата на настапи.

Александар Трајковски или херојот од Палермо, ита кон “стотката“. Алекс вечерва ќе го одигра својот 97-ми меч. Значи ќе му останат само уште три да се најде во одбрано друштво, заедно со Горан Пандев и Гоце Седлоски.

Алекс го чека и својот 25-ти гол за Македонија. Му посакуваме да дојде токму вечерва,против Белгија во Гент.

Кога сме кај бројките Висар Муслиу вечерва по 70-ти пат ќе игра за Македонија, Езѓан Алиоски по 88-ти пат, Енис Барди ќе игра својот 77-ми меч, а Елиф Елмас 72.

ПретходноКазахстан со убедлив триумф пред доаѓањето во Скопје!
СледноНеверојатно: Сан Марино ќе мора да загуби со што поголема разлика за да се најде во бараж за СП 2026!