Казахстан со убедлив триумф пред доаѓањето во Скопје!

4221
ФОТО: Sports.KZ

Казахстан – Лихтенштајн 4:0 е исходот од мечот во нашата квалификациска Ј група за пласман на СП 2026. Тоа значи дека казахстанците во победничка атмосфера доаѓаат во Скопје каде в понеделник играат со нашата селекција.

Домашниот состав попладне во Астана, ја оправда улогата на фаворит. Беше подобар тим и со головите на Кенжебек во 26.минута, Зејнутдинов две минути подоцна, повторно Кенжебек во 59.минута и Касум во 81.минута славеа заслужена победа.

Ова за Казахстан беше само втора победа во нашата Ј група со што сега оваа селекција има шест бода од шест одиграни мечеви.

ПретходноБрегалница со важна информација за фановите пред утрешното дерби со Скопје!
СледноВечерва во Гент: Столе го минува Стефан, Алекс ита кон “стотката“!