Македонија со пресврт ја совлада Ерменија во Битола (ВИДЕО)

483

Македонската младинска репрезентација до 21. Година успеа да ја забележи првата победа во тековната кампања откако вечерва во Битола на „Петар Милошевски“ во рамките од третото коло успеа да слави над Ерменија со конечни 2:1. По негативата која што ја имавме во првиот дел во продолжението направивме комплетен пресврт со двата гола на Димитар Трајков, кој што најпрво во 54., а потоа и во 83. Минута успеа да погоди во противничката мрежа и да ни ги донесе толку посакуваните стартни три бода во оваа група. Воедно ова беа и првите два постигнати голови на Македонија во овие квалификации.

Македонскиот национален тим солидно го почна овој дуел, и по обидите на Трајков еден со нога,а другиот од непосредна близина со глава се увиде дека имаме желба за гол уште рано во мечот. Сепак, тоа не се случи. ОСвен шансата на Трајков друга ситуација не создадовме, барем во првиот дел.

Од друга страна пак, противникот пак сконцентриран, и посветен на дефанзивата со спорадични контра напад обиди што во еден момент и се покажаа како добитни. На асистенција на Хакобјан, Ховханисјан се најде во добра позиција, пласираше на подачелниот дирек, и погоди во голот на Џеков. Нашиот тим реално не беше подготвен да прими гол во оваа фаза од мечот, и не успеа да се консолидира во преостанатите неколку минути од првиот дел.

Трајков не враќа во игра

Во вториот дел, Македонија тргна да изедначува, резултатски да се враќа во игра и успеавме во тоа. По неколкуте обиди, на Меметриза, Данев, Трајков беше тој кој што конечно го „проби ледот“.По еден одлично изведен корнер, напаѓачот на Работнички успеа на петерецот да биде највисок и да забие во голот на Ерменија.

Катастрофалната грешка на Давтјан ни носи водство

Во педиорот кој што следуваше имавме иницијатива, се обидувавме да нападнеме, и да стигнеме до тоа толку посакувно водство, а до него дојдовме на најнесекојдневниот начин. Димитар Трајков во обид да го проигра Зенку во нападот, упати една дијагонала буквално од нашата половина. „Распали“ по топката со левата нога, топката лошо одскокна на неколку метри од излезениот голман на Ерменија, Давтјан, го префрли и одседна во гостинската мрежа.

youtube.com/watch?feature=shared&v=I3ErjG9SGlQ

 

 

 

ПретходноНеверојатно: Сан Марино ќе мора да загуби со што поголема разлика за да се најде во бараж за СП 2026!
СледноОва се стартните состави: Миовски и Елмас во нападот, Трајковски и Чурлинов на клупа!