РК Вардар го “згази“ и Прилеп за “седум од седум“!

131
ФОТО: RK Vardar 1961/FB

Ракометарите на РК Вардар и натаму остануваат перфектни. Вечерва во меч од 7.коло во нашата ракометна Суперлига, некогашиот двоен европски првак и повеќе од убедливо славеше против Прилеп со 39:27. Ова е седма победа во седмиот меч од стартот на сезоната.

Интересно е тоа што сите ракометари на Вардар кои што беа во протоколот добија шанса да настапат и сите беа стрелци, па и голманот Валах.

Прилеп едноставно немаше никаква шанса да дојде барем до пристоен пораз, разликата во класи беше очигледна на овој натпревар.

Уште од стартот на напреварот се виде кој е кој, во продолжение Вардар само ја билдаше разликата, па така на крајот таа изнесуваше +17 за “црвено – црните“.

Ова беше само еден полесен тренинг – натпревар за четата на стратегот Иван Чупиќ.

ПретходноОва се стартните состави: Миовски и Елмас во нападот, Трајковски и Чурлинов на клупа!
СледноКузманоски го објави списокот за турнирот – Трофеј Карпати!(ФОТО)