Полувреме во Гент: Македонија „лавовски“ се бори и има 0:0 против Белгија

218

Македонската фудбалска репрезентација на полувреме во Гент против домаќинот Белгија во рамките од шестиот наш меч од Мундијалските квалификации, има оптимистички 0:0.

Македонија жестокот се бори, ги одбива нашадите на домаќинот, кој што со сите сили се обидува да дојде во водство, но засега тоа не му успева. Имаше Белгија десетина ситуации, што од полу, што од дорби позиции, но засега Македонија одолева и има позитивен резултат.

Стартната ситуација Белгија ја имаше во 13. Минута кога Де Брујне биеше но непрецизно кон нашиот гол. Следуваше ситуацијата на Кастањ кој што изби десно во нашиот песнаесетник, нафрли по земја напоредно со гол линијата, но немаше ниту еден негов соиграч тоа да го искористи. Следуваше поништениот гол за домашните кој не е важечки поради офсајд ситуацијата на асистентот Де Брујне. Салемакерс беше оној кој по изведениот корнер на Белгија „начека“ еден волеј на работ на шеснаесетникот но биеше непрецизно над голот.

Во 27. Минута сериозна ситуација пред нашиот гол во која Белгија буквално беше целосно преселена во нашиот петерец. Најпрво Елмас, а потоа и Атанасов во блокот успеаа да спасат чисти голови. Конечно, во 31. Минута Тросард по добриот центаршут се обиде со глава но и тој биеше преку голот на Димитриевски.

Ние пак од друга страна се обидовме еднаш преку Јани Атанасов, кој што биеше од прва што се вели на една одбиена топка. Комбинацијата на Барди и на Алиоски во која нашиот капитен имаше добра позиција да нафрли домаќинот ја осуети со блок.

ПретходноОбамејанг во четири наврати го совлада голманот на Шкендија!
СледноНеверојатно: Баерн уште ги чека парите од Барса за трансферот на Левандовски!