Зајков: Изгинавме на терен, но така се игра за Македонија (ВИДЕО)

283

Македонската фудбалска репрезентација вечерва, во Гент во рамките од шестото коло од Мундијалските квалификации, одигра херојски 0:0 против селекцијата на Белгија и на тој начин го освои дванаесеттиот бод во оваа кампања и го задржа првото место во групата.

Нашиот национален тим не само што одигра херојски туку одигра сконцентрирано, одговорно, и на резултат. Искусно, стпрливо, и без паника, стигнавме до огромен бод против огромниот фаворит.

„Одигравме храбро, дисциплинирано, во одбрана. Со ваков противник не може да се надигруваме, но со дисциплина со храбра игра, со оставање срце за Македонија, стигнавме до тој бод. Мора веднаш да се спуштиме на земја, не смееме да потпаднеме под еуфорија, не очекува нов натпревар за три дена. Важен исто колку и овој. Мора да се одмориме добро, и да бидеме на исто ниво како и денеска. Клучна беше комуникацијата. Не само помеѓу нас тројцата во одбраната, туку и со Столе на голот. Мора да ги пофалам момците од средината и од нападот, изгинаа на терен. Знам колку е тешко кога за еден играч кој што има огромни квалитети со топка, нема да ја допре. Но целта ги оправдува средствата, секогаш ќе одиграме онака како што е потребно за успехот на Македонија“ – изјави Ѓоко Зајков. 

ПретходноМбапе го “реши“ Азербејџан, па се повреди, Германија убедлива…
СледноДимитриевски: Одигравме перфектен меч во дефанзива!