Објавена е листата на ѕвезди за кои Барселона им должи богатство на други клубови!

248

Иако Жоан Лапорта гордо тврди дека финансиските проблеми на Барселона се минато, реалноста е поинаква. Според извештајот за економската година заклучена на 30 јуни 2025, каталонскиот клуб сè уште должи огромни 159,1 милион евра за неколку трансфери.

Најмногу е оштетен Лидс Јунајтед, кој по продажбата на Рафиња во 2022 година сè уште чека 41,9 милиони евра – повеќе од три години по трансферот. Севиља има побарување од 24,5 милиони евра за Жил Кунде, а Баерн Минхен уште 20 милиони евра за Роберт Левандовски.

И тоа не е сè – Манчестер Сити чека 13,3 милиони евра за Феран Торес, а Бетис треба да добие 8 милиони за Емерсон Ројал, кој одамна не е дел од тимот.

Барселона со одложени плаќања успеа да ја преживее најтешката финансиска криза, но долгот и понатаму ја гуши. Летово клубот повторно се соочи со проблеми при регистрација на фудбалери поради финансискиот фер-плеј.

Дополнително, шпанското обвинителство ги истражува некои од старите трансфери – особено оној на Малком, во времето на поранешниот претседател Бартомеу, за кои постои сомнеж дека биле фалсификувани договори.

Барселона – клучни трансфери со неплатени обврски:

  • Рафинја (2022): 58M + €9M бонуси

  • Жил Кунде (2022): 50M + €5M бонуси

  • Роберт Левандовски (2022): 45M + €5M бонуси

  • Феран Торес (2021): 55M + до €10M бонуси

  • Емерсон Ројал (2021): 9M (Бетис)

ПретходноЦибона нема да игра против ТФТ?
СледноБратот на Јокиќ доби казна за тепачката на натпреварот со Денвер