Македонската фудбалска репрезентација денеска се врати во Скопје по вчерашното реми на гостувањето кај Белгија во Гент. За нашите фудбалери нема време за одмор, па селекторот Благоја Милевски веќе го закажа вечерниот тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во 19.30 часот.
Дел од фудбалерите денеска почнуваат со подготовка за исклучително важниот натпревар со Казахстан, тренираа оние што не добија шанса на вчерашниот дуел против Белгија. Она на што особено треба да се внимава на дуелот во понеделник со Казахстан, освен битката за трите бода, се и картоните.
Имено дури осуммина фудбалери од нашата репрезентација се под закана да го пропуштат последниот меч од квалификациите во ноември на гости кај Велс.