Македонската тениска надеж Калин Ивановски (17), не успеа да се пласира на јуниорскиот УС Опен, откако беше поразен во 1. квалификациско коло од Николас Хенг од САД.
Ивановски одлично го отвори првиот сет кој го доби со 7:5, а потоа противникот се врати со добиениот втор сет 3:6.
Во одлучувачкиот дел од мечот, Хенг го доби со 10:3, со што се пласираше во следната фаза, и ќе игра со Филип Фориг од Германија.