Селекторот Благоја Милевски ги искажа своите очеквуања пред утрешниот меч со Исланд, по „ремито“ без голови со Ерменија. Милевски вели дека жали за пропуштеното со Ерменија, но ветува дека ќе се обидат да се поправат утре и да освојат трите бода.
„Жалам за пропуштените два бода со Ерменија. Недостасуваше тој завршен пас и таа реализација, и се надевам дека тоа ќе го подобриме на утрешниот меч. Не очекува еден тежок и неизвесен натпревар“, рече Милевски, кој направи споредба на натпреварот со младата селекција кога го загуби со 1:0 во квалификациите за младинското ЕП 2017 во Полска.
„Тој натпревар нема допирна топка тој меч, тоа што беше во минатото го оставаме зад себе. Се работи а поинаков тип на квалификации и противник од сите можни аспекти. Искрено не се потпирам на тој натпревар, туку гледам што ни следува во иднина, а тоа е утрешниот меч со Исланд, на кој ќе дадеме се од себе да дојдеме до позитивен резултат“, кажа селекторот.
Милевски вели дека ниту тој, ниту играчите чувствуваат притисок од јавноста, и дека селекцијата се наоѓа во фаза на освежување.
„Споменав многу пати дека сме во фаза на некоја трансформација кога се однесува до тимот, освежување, со играчи кои имаат помал стаж, кои со своите игри во У21 и во своите клубови, заслуижија да се најдат меѓу сениорите. Не чувствувам ниту јас, ниту играчите некаков посебен протисок. Тие се одлични момци, и секој меч победуваат да победата, не гледам ништо различно да биде и сега. Како што пробавме да победиме со Ерменија, но некогаш се прашува и противникот, тоа е дел од фудбалската игра. Еве овој меч со Исланд ни е најважен, со добар резултат да останеме конкурентни на првите две места. За многу нешта ќе се прашуваме и ние. Не чека неизвесен и израмнет натпревар. Можеби ќе го одлучат некои индивидуални квалитети“, вели Милевски.