Попладнево во Кадино се одигра пријателска средба меѓу истоимениот второлигаш и Работнички. Сосема очекувано, победи составот на Александар Влахо и тоа со 0:5. Стрелци на головите беа Марио Станковски,кој двапати се запиша во листата на стрелците, потоа Дарбо на два пати и Марјан Ристовски.
Да кажеме дека Работнички во следното коло, кое се игра следниот викенд, дома ја дочекува екипата на Брегалница.