Како што веќе беше познато, ГРК Охрид е патник во третото коло во ЕХФ Европскиот Куп. Пласманот во следната рунда македонскиот тим го завери со нов убедлив триумф над Баки, овој пат од 38-21.
Давид Савревски со девет гола беше прв стрелец, зад него со седум погодоци бепе Кукуловски, додека Шипинкоски застана на шест гола.
Победникот и на оваа средба беше познат после првото полувреме по кое охриѓани имаа позитива од 23-9.
Охриѓани во вторник ќе го добијат името на противникот во следното коло.