РК Вардар 1961, како што е познато, утре на свој терен, во својата сала “Јане Сандански“ и пред своите фанови ќе го одигра првиот меч од сезоната во ЕХФ Лигата на Европа.
Ривал на “вардарци“ ќе им биде составот на Сесвете, а еве што кажа денеска на пресот искусното крило на Вардар 1961, Гоце Георгиевски:
“Според мене не очекува стартот на Лигата на Европа на домашен терен со една непозната екипа. Не е тајна дека сме фаворити на овој меч. Максимално трениравме и максимално сме подготвени за противникот. Ги повикувам фановите на Вардар да не поддржат и со победа да го отвориме ова натпреварување. Нашите амбиции се големи во Лигата на Европа. Се надевам на победа и успешен старт на ова натпреварување“,посочи Георгиевски.