СП: Србија со пресврт ја совлада Андора, Англија и Италија убедливи

94

Репрезентацијата на Србија конечно оствари победа и ја совлада храбрата Андора со 1:3 во вечерашниот натпревар од квалификациите за СП. Фудбалерите предводени од Зоран Мирковиќ одиграа добар натпревар и ја продолжија битката за втората позиција во групата. Резултатот го отвори Лопез со прекрасен погодок од речиси половина терен во 17-тата минута, но Србија набрзо изедначи со автоголот на Гарсија само две минути подоцна. Во второто полувреме србите ја превзедоа иницијативата и со погодоците на Влаховиќ во 54-тата и Митровиќ во 77-та минута стигнаа до победата.

Во вториот натпревар од оваа група Англија убедливо ја совлада Летонија со 0:5. Стрелци за „гордиот албион“ беа Гордон, Кејн, Езе и Тонисевс кој си постигна автогол.

Италија продолжи да ја притиска првопласираната Норвешка групата И остварувајќи нов триумф против репрезентацијата на Израел со 3:0. Ретеги со два гола и Манчини му донесоа победа на домашниот тим.

ПретходноСП: Унгарија се избори за бод во Лисабон, Шпанија лесно се справи со Бугарија