Пелистер против Цедевита Јуниор ја стартува европската авантура

33
Пелистер е во Загреб, каде вечерва (19 часот) ќе го одигра првиот натпревар од ФИБА Европа купот, за противник го има тимот на Цедевита јуниор.
Битолчани одлично ја стартуваа новата сезона со две убедливи победи во домашното првенство, како најава за почетокот на оваа европска авантура во групната фаза од едно ФИБА натпреварување.
Домашниот терен ќе биде адут на хрватскиот тим, но „пелистерци“ се решени воопшто да немаат епизодна улога и ќе сторат се за да стигат до посакуваниот резултат.
„Ни следува првиот натпревар на европската сцена, пред нас имаме екипа што е млада, физички добро подготвена, што игра агресивна кошарка на двете страни од теренот. Главна задача ќе ни биде да одговориме на таа нивна брза игра и да ја контролираме топката во нападот. Се наоѓаме во добра форма, одлично отворивме во домашното првенство и се надеваме дека така ќе продолжиме и на европската сцена“, вели Бобан Стајиќ, еден од најискусните во играчкиот кадар на КК Пелистер.
ПретходноРајковиќ си “гази“ во Лигата на Шампионите! Победата ја посвети на Панчо!
СледноНова магија на Никола Јокиќ! (ВИДЕО)