Јагуриноски: Охрид е македонскиот бисер и е задоволство да се игра за овој дрес

48
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриноски е нов ракометар на ГРК Охрид. Десниот бек на македонската репрезентација потпиша двегодишен договор со езерскиот тим со можност за продолжување.

Доаѓа од Десау (Германија), а досегашната кариера ја помина во РК Вардар 1961 и РК Металург. Неговото пристигнување претставува значајно засилување за нашиот тим во борбата за повисок пласман во македонското првенство и на европската сцена во ЕХФ Европскиот Куп.

“Чест ми е што ќе се придружам на колектив како РК Охрид кој има голем напредок и амбиции како клуб. Охрид е македонскиот бисер и е задоволство да се игра за овој дрес и овие навивачи. Се надевам дека со моите игри ќе придонесам за подобри резултати и исполнување на амбициите на клубот” – изјави Јагуриноски.

ПретходноБарселона го претстави Пелистер: Школата за „бомбардери“ како Лазаров, тим со страсни навивачи
СледноСкандал на квалификацискиот натпревар за СП – се степаа навивачи и играчи (ВИДЕО)