„Отказот на Сферопулос е нелогичен“

113

Тренерот на Реал Мадрид, Серџо Скариоло, се осврна на отпуштањето на Јанис Сферопулос, кој мораше да го напушти белградскиот тим на почетокот на сезоната.

Сферопулос беше отпуштен по две кола во Евролигата и два порази, а на негово место беше назначен Саша Обрадовиќ.

„Не би сакал да навлегувам во детали бидејќи не сум премногу запознаен со ситуацијата. Секој клуб е приказна за себе и секоја ситуација е специфична. Сепак, од гледна точка на тренерот – оставката на Јанис Сферопулос по две кола е сосема нелогична и нема смисла за мене“, изјави Скариоло за Mozzart sport.

Тој му посака среќа на Саша Обрадовиќ, со кого ќе ги вкрсти тренерските филозофии во петок, кога Реал ќе гостува во Белград.

„Јанис е одличен човек и тренер. Сега кога Саша дојде, му посакувам многу среќа бидејќи е и одличен стручњак. Генерално, тие брзи промени немаат многу смисла, но не би сакал никој да ме разбере погрешно, бидејќи не ги знам сите детали“, додаде италијанскиот стручњак.

ПретходноТрамп повторно се закани – на одредени градови ќе им го одземе Мундијалот и Олимпијадата
СледноПоразот од Фарски му пресуди…. Чешка го отпушти Иван Хашек