Трамп повторно се закани – на одредени градови ќе им го одземе Мундијалот и Олимпијадата

67
фото: Football Tweet (X)

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека ќе го одземе Светското првенство во 2026 година од демократските градови за кои вели дека не се доволно мирни и имаат висока стапка на криминал.

„Можеме да им го одземеме тоа. Ги сакам луѓето од Бостон. Знам дека билетите за игрите се распродадени, но имаат лош градоначалник“, рече претседателот.

Седум натпревари од Светското првенство во 2026 година се закажани да се одржат на стадионот Жилет во Фоксборо, југозападно од Бостон. ФИФА ги финализираше 16-те градови домаќини и распределбата на натпреварите уште во 2022 година.

„Одговорот е да, ако некој се справува лошо и мислам дека условите се небезбедни, ќе го повикам Џани Инфантино, кој е феноменален човек, и ќе му кажам: „Ајде да го преместиме ова некаде на друго место“. И токму тоа ќе го направи. Нема да му се допадне, но ќе го направи многу лесно“, додаде Трамп.

Во слична насока, американскиот претседател рече дека би можел да ги премести Олимписките игри во 2028 година од Лос Анџелес.

Светското првенство следната година ќе биде од 11 јуни до 19 јули.

ПретходноПартизан испадна од Љубљана: Остануваат уште два града игра – едниот е блиску до Македонија!
Следно„Отказот на Сферопулос е нелогичен“