ФИФА со суспензија за Брера во следните три преодни рокови

285
ФОТО: Brera Strumica/FB

Проблемите во таборот на ФК Брера очигледно дека допрва доаѓаат. Она што веќе извесно време кружи околу клубот како шпекулација, за наводна беспарица и долгови, сега добива на официјализација.

ФИФА донесе одлука клубот од Струмица, да добие забрана за регистрација на нови играчи во следните три преодни рокови, поради очигледни долгови, тужби, и пресуди на штета на клубот.

Суспензијата е официјализирана од 23 септември оваа година што значи, дека оваа зима, на лето, и следната зима Брера ќе мора да игра со веќе постоечкиот играчки кадар.

Слични проблеми на стартот на оваа сезона имаше и Шкупи.

 

ПретходноЈунајтед посилен за дербито против Ливерпул, Мазрауи се враќа во тимот
СледноМихаил Стојковски- Мотокрос шампион во Европскиот „Алпе Адриа Шампионат“