Партизан се врати од бездна, но не успеа да направи сензација во Мадрид

37
фото: KK Partizan Mozzart Bet (X)

Вечерва, во четвртото коло од Евролигата, кошаркарите на Партизан беа поразени од Реал во мадридската „Мовистар Арена“ со 93:86. Ова беше втор пораз на Партизан во четири одиграни кола, а Реал ја оствари третата последователна победа.

Од самиот почеток на натпреварот, Партизан влезе во „машината“ на Реал, и некаде до почетокот на последната четвртина се најавуваше тотален дебакл на белграѓани. Но потоа „црно-белите“ се разбудија, заиграа и почнаа да ја топат разликата. На четири и пол минути до крајот, Партизан го намали водството на 80:68, а потоастигна и до 84:77.

На минута и пол до крајот, белградскиот состав се најде на минус шест, 86:80, но тоа беше и последното што успеа да го направи. Реал ја задржа предноста и успеа да триумфира.

Победи вечерва остварија и Панатинаикос над Асвел со 91-85, како и Виртус Болоња која го победи Монако со 77-73, додека Хапоел ТА ја оствари единствената гостинска победа над Валенсија со 93-100.

ПретходноВестбрук, конечно, најде нов клуб
Следно„Лудиот“ цепелин на Пелистер достоен за најавни шпици (ВИДЕО)