Хавиер Пасторе потпиша за Елче!

252

Хавиер Пасторе, некогашниот фудбалер на ПСЖ, Рома, Палермо и уште неколку клубови отиде да игра во шпанската Ла Лига и тоа во Елче. Пасторе во август го раскина договорот со Рома, па од тогаш беше во потрага по нов клуб. Но потрагата е завршена затоа што неговиот нов клуб е Елче, потврдија Шпанците.
Од клубот додадоа дека договорот на искусниот аргентински напаѓач е до летото 2022 година.

ПретходноЕвропски шампион со Португалија потпиша за Аполон Смирнис
СледноТФТ потврди: Костоски е наш нов играч