Шкендија ги пушти во продажба билетите за мечот со Шелбурн

112

Шкендија следната недела ќе го одигра првиот домашен натпревар во лигашката фаза на Конференциската лига. Од клубот веќе ги објавија и цените за билетите за мечот против Шелбурн закажан за во четврток, а продажбата започнува денеска.

Цените варираат од 500 до 800 денари, во зависност од трибината и блокот.

Билетите ќе се продаваат онлајн преку „МкТикетс“, а физички ќе бидат достапни во Тетово, во „Монако Тобако“. На денот на натпреварот, билети ќе може да се купат и на билетарата пред стадионот во Скопје.

ПретходноФИБА ја суспендираше Велика Британија од сите машки натпреварувања
СледноГодините не му можат ништо: Силва и на 42 години дава „невозможни“ голови (ВИДЕО)