Пелистер не успеа да дојде до сензација против 12-кратниот освојувач на Лигата на шампиони, но затоа пак ракометарите се погрижија овој меч да биде запаматен по актрактивни акции во нивна креација.
Во Топ5 листата на ЕХФ ТВ се најде и Никола Митревски, кој имаше 12 одбрани. Една интервенција е број три одбрана за петтото коло во Лигата на шампиони.