Хамилтон: “Хорнер во Ферари? Тоа не е добра идеја!“

41
фото: Lewis Hamilton our champion (X)

Во светот на Формула 1 се повеќе се шпекулира дека Кристијан Хорнер би можел да дојде во Ферари. Еден од најзаслужните за сите тие титули на Ред Бул во последните две децении, се повеќе се поврзува со ангажман во култниот Ф1 од Маранело.

Да потсетиме дека пред извесно време Хорнер и Ред Бул ја прекинаа соработката.

Инаку познато е дека Ферари од 2007 година, кога Кими Раиконен беше светски првак во Ф1, едноставно не може ни да се приближи до тронот.

На овие шпекулации свој коментар имаше Луис Хамилтон, возачот на Ферари:

Не мислам дека е добра идеја Кристијан Хорнер да дојде во Ферари. Нема повеќе да зборувам за шпекулации“посочи Британецот кој има разочарувачка сезона во тимот од Маранело.

ПретходноФернандеш за Аморим: Ако изгубите, изгледа како црн облак да виси над клубот
СледноМакедонските таеквондисти со 10 медали од Балканското првенство