Пелистер го доби братското дерби во Битола

75

Првиот тим на Пелистер е победник во братското дерби. Актуелниот македонски првак славеше со 27-34 во меч од осмото коло во Супер-лигата. Избраниците на Рубен Гарабаја дојдоа до шестата победа оваа сезона, и со оглед на тоа дека Алкалоид е фааворит против Пролет ќе останат на третото место на табелата. За вториот тим на Пелистер ова беше петти пораз, има и три победи.

Првото полувреме беше изедначено (18-18), првиот тим на Пелистер имаше водство од два до три гола разлика, а пред одморот условно кажано домаќинот со головите на Гичев и Фехми успеа да се избори за реми по првите 30 минути игра.

На срединат на вториот дел, Хекберг донесе плус четири (23-27), а во продолжение актуелниот првак покажа зошто е фаворит.

Јован Мацановски доби шанса на голот, запиша десет одбрани, прв стрелец беше Хекберт со седум гола. На другата страна Гичев имаше седум погодоци, додека Младенов 11 одбрани.

ПретходноСпортскиот директор на Интер: Нејмар? Тоа се глупости!
СледноАнтиќ: Ќе кажам само едно, Жељко Обрадовиќ знае што прави