Во Шпанија само три работи се сигурни: Да се плати данок, да се умре и Манзано да покаже црвен на Барса!

101
ФОТО: FC Barselona/FB

Во пресрет на „Ел Класико“ наредниот викенд, секако дека допрва ќе се разгоруваат страстите во Шпанија, а посебно по се она што се случуваше на мечот Барса – Џирона, кој го доби составот на Ханси Флик со 2:1.

Медиумите кои го преферираат Реал Мадрид бараат тренерот на Барса да се казни со најстрога казна, од 4-8 меча, поради начинот на кој Флик се израдува на победничкиот гол на Араухо.

Медиумите во Каталонија пак посочуваат дека за се е виновен судијата Хил Манзано, и посочуваат дека во Шпанија само три работи се сигурни.

Мора да се плати данокот, мора да се умре и мора Манзано да покаже црвен картон на Барса. А ако се земе статистиката, веројатно имаат право. Имено досега Манзано кога и судел на Барса покажал неверојатни 13 црвени картони.

Инаку јасно е дека поради исклучувачкиот картон, Ханси Флик нема да го води својот тим на “Сантијаго Бернабеу“ наредниот викенд.

ПретходноУжас: Некогашен фудбалер на Реал претрпел мозочен удар!
СледноКвалификации за ЕП 2026: Македонија со пораз и од Словенија!