Трофејниот тренер седнува на клупата на грчки Панатинаикос

29

Искусниот шпански тренер Рафа Бенитез (65), освојувач на Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година, е новиот тренер на грчки Панатинаикос, потврдија локалните медиуми.

Бенитез со денови беше во преговори со Атињаните, а во недела навечер пристигна потврда за завршена зделка, па сега се што се чека е официјално соопштение од клубот.

Бенитез ќе го замени Португалецот Руи Виторија на клупата на атинските „зелени“, кој беше отпуштен поради слабиот почеток на сезоната.

Бенитез се согласил на две и полгодишен договор, според кој тој и неговиот тренерски штаб ќе заработуваат пет милиони евра по сезона.

ПретходноМилев: Оваа екипа на Струмица треба да расте низ европските купови
СледноНавивачи нападнаа автобус во Италија, возачот погоден со цигла почина