Младите Мароканци се нови светски шампиони во фудбал (ВИДЕО)

69
фото: B&B Kigali 89.7 FM (X)

Младата фудбалска репрезентација на Мароко е нов светски шампион, откако победи во големото финале на Светското првенство за играчи до 20 години, кое се одржа во Чиле. Во финалниот натпревар утрово, Мароканците ги победија своите врсници од Аргентина со убедливи 2:0 и се закитија со златните медали.

И двата гола беа постигнати во првото полувреме, а нивни автор беше талентираниот Јасер Забири, кој е напаѓач за португалскиот елитен клуб Фамаликао и веќе има 20 гола за својот тим.

Забири беше еден од водечките стрелци на турнирот, покажувајќи конзистентност и класа во текот на целото натпреварување. Тој го заврши турнирот со вкупно пет гола.

ПретходноЛапорта удри по судијата Манзано: Нема фудбалер на Барса на кој не му даде црвен картон!
СледноКритиките не стивнуваат: „Овие двајца фудбалери не можат да играат заедно во Ливерпул“