Куп на Македонија – 1/8 финале: Струга ТЛ на мегдан со „Лавовите“, тешки гостувања за Силекс и Пелистер

165

Денеска конечно домашен фудбал. По двонеделната репрезентативна пауза, а и поради Локалните избори се прескокна и изминатиот викенд, па така еве денеска со четири меча од 1/8 финалето во Купот на Македонија, домашниот фудбал се враќа на сцената.

И сите четири натпревари и тоа како ќе бидат интересни.

Забревтаната Струга ТЛ гостува во Ѓорче каде се среќава со Македонија ЃП во реприза од финалето во 2023 година, кога “Лавовите“ славеа на пенали. Дали е време на одмазда на стружани, ќе видиме денеска од 14 часот кога започнува овој, но и сите други денешни мечеви.

На Автокоманда тимот на Работнички како домаќин се среќава со Брегалница. Како игра тимот од Градски парк оваа есен секако дека нема да му биде нималку лесно против штипските “сини“.

Во Куманово составот на Башкими го пречекува Силекс и посакува реприза од оној првенствен меч во ПМФЛ сезонава кога кумановци славеа против кратовци.

Тешко гостување и за Пелистер под водство на новиот стратег Милан Стојаноски и тоа кај Шкендија Арачиново во Скопје.

Утре Вардар на ФФМ го пречекува Новаци, во ноември играат Шкендија и Тиквеш, а веќе во 1/4 финалето се екипите на Охрид и Детонит.

Познато е дека и во оваа фаза од Купот на Македонија се игра по еден натпревар и дека нема продолженија ако резултатот биде нерешен, веднаш се изведуваат пенали.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 14 Ч

Скопје: Македонија ЃП – Струга ТЛ

Куманово: Башкими – Силекс

Скопје: Работнички – Брегалница

Скопје: Шкендија (А) – Пелистер

УТРЕ, 14 Ч

Скопје: Вардар – Новаци

19.11.2025

Шкендија – Тиквеш

ОДИГРАНО:

Беласица – Детонит 0:1

Охрид – Шкупи 3:0

ПретходноАртета: Симеоне е тренер на кого му се восхитувам!
СледноУапсени околу 200 фанови на Наполи во Ајндховен!