Ѓорческа застана во 1/8 финалето во Роверето

32

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа загуби во 1/8 финалето на фјучерс турнирот во Роверето, Италија. Ѓорческа денеска немаше сили да и се спротивстави на Алиона Болсова Задоинов од Шпанија, која што е патем 241 тенисерка на светот. Загуби со конечни 2:1, по сетови 6:1, 7:6 (7:2), и 6:1.

Ѓорческа одлично го стартуваше мечот, и поведе со 1:0 по серови, делница во која загуби само еден гем.
Сепак, клучен момент на мечот очигледно беше вториот сет и тај брејкот во него во кој Ѓорческа загуби со 7:2, а потоа противничката ја презеде иницијативата на мечот.

Болсова Задоинов потоа третиот, клучен сет го издоминира со 6:1.

 

ПретходноКонте за катастрофата во Ајндховен: Овој пораз не е случаен
СледноКуп на Македонија 1/8 финале: Вардар ја заврши задачата против Новаци (ВИДЕО)