Куп на Македонија 1/8 финале: Вардар ја заврши задачата против Новаци (ВИДЕО)

251

Бранителот на титулата во националниот Куп на Македонија, тимот на Вардар предмалку на домашен терен на комплексот Петар Милошевски во Скопје, во рамките од 1/8 финалето од оваа конкуренција, го совлада второлигашот Новаци со конечни 3:1.

Во комбиниран состав во кој претежно се најдоа резервистите во стартиот тим, Вардар успеа да рано да постигне погодоци и на тој начин мирно да го одработи овој дуел.

Спахиу беше тој што погоди за водство од 1:0 по добро нафрлената топка од лево. За по неколку минути, Омерагиќ со глава одлично да пласира во десниот агол од голот на Новаци, за 2:0.

Второлигашот во финишот на првиот дел намали на 2:1, од пенал, но реално тоа беше се што видовме од Новаци на овој меч.

Во продолжението, Ворен беше тој кој што на асистенција на Омерагиќ погоди за конечни 3:1.

ПретходноЃорческа застана во 1/8 финалето во Роверето
СледноКампања на ФФМ, МВР и РСБСП: Фудбалот нè обединува, но и на патот треба да играме како тим