Утре од 18:45 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, Шкендија во рамките на 2.коло во Лигата на Конференции ќе ги одмери силите со Шелбурн, тим од Р. Ирска.
Ова ќе биде прв меч за шампионот на Македонија во лигашката фаза во ЛК, па така по поразот од Рајо Ваљекано на стартот, и тоа на гости, ете шанса Шкендија да дојде до првите бодови.
Ова го вели Клисман Цаке, еден од најдобрите фудбалери на Шкендија:
“„Нормално е да се види тимот многу мотивиран за овој натпревар, тоа е нешто со што испишавме историја. Со нетрпение го очекувавме првиот натпревар на домашен терен. Очекуваме публиката да биде во што е можно поголем број за да нè поддржи во овој натпревар за да можеме да испишаме историја. Ќе влеземе на теренот за трите бода, бидејќи тоа е нашата цел. Покажавме вистинска искра во Европа, да ги покажеме нашите квалитети и да го дадеме нашиот максимум за трите бода.“