Вечерва се одиграа три меча од ракометната Лига на Шампиони.
Загреб со пораз дома од ПИК Сегед со 23:28. Во првото полувреме домашните одиграа сосема добро, пружија силен отпор, резултатот беше 10:10, но во продолжение од средбата гостите беа подобри и на крајот дојдоа до триумф.
Спортинг како гостин славеше кај Колштад со 30:34, со што ја продолжија агонијата на Колштад на кого ова му е петти пораз во изминатите шест кола. За Португалците ова беше четврта победа.
И во последниот вечерашен меч, исто така гостинска победа. Во супер интересен меч Алборг со 27:28 славеше кај Нант, иако домашниот состав имаше водство на паузата со 15:14.