Откако утринава за словенечкиот “Спорт Клуб“ изјави дека е тешко болен, дека канцерот го “фатил“ по третпат и дека тешко дека ќе заздрави, неколку часа подоцна за хрватските медиуми го кажа и ова.
Се разбира дека мислиме тука на Мирослав Чиро Блажевиќ, кој буквално денеска го потресе Балканот со изјавата дека е тешко болен.
“Па, добро. Словенците малку претераа. Да, точно е дека сум болен, но сепак не се предавам. Се борам, моментално сум на лекување. Се надевам дека ќе биде добро. Тие малку драматично ја пренесоа веста. Ма, пушти ги нив, јас цел живот се простувам од нив“ шеговито истакна популарниот Чиро.